Од половните возила 2,5 милиона евра во буџетот

Bez autora
Mar 31 2010

Намалувањето на царините и на акцизите за возилата ги даде посакуваните ефекти. Заклучно со понеделник се увезени над 3.500 возила што е идентично со бројот на половните возила што се увезуваа цела година. Евидентно е дека за така голем број возила, царинењето се одвива ефикасно што значи дека нема големи проблеми. Сметам дека мерката ги постигна посакуваните ефекти во поглед на можноста за граѓаните да увезат возила со пониски трошоци и во поглед на можноста тие што имаат возила со странски регистарски таблички да ги регистрираат истите. Тој истакна дека и приходите во буџетот се солидни, односно оти вкупните приходи по сите основи се околу два и пол милиона евра. Меѓутоа тоа е помалку важно од тоа што ефектот е постигнат во насока на раздвижување на пазарот и намалување и на цените на новите возила.

Од половните возила 2,5 милиона евра во буџетотНамалувањето на царините и на акцизите за возилата ги даде посакуваните ефекти.

Заклучно со понеделник се увезени над 3.500 возила што е идентично со бројот на половните возила што се увезуваа цела година, оцени вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Евидентно е дека за така голем број возила, царинењето се одвива ефикасно што значи дека нема големи проблеми. Сметам дека мерката ги постигна посакуваните ефекти во поглед на можноста за граѓаните да увезат возила со пониски трошоци и во поглед на можноста тие што имаат возила со странски регистарски таблички да ги регистрираат истите - рече Ставрески.

Тој истакна дека и приходите во буџетот се солидни, односно оти вкупните приходи по сите основи се околу два и пол милиона евра.

- Меѓутоа тоа е помалку важно од тоа што ефектот е постигнат во насока на раздвижување на пазарот и намалување и на цените на новите возила - додаде Ставрески.

Во однос на пререгистрацијата на возилата со странски таблички, Ставрески информира дека засега е мал бројот на граѓаните што ги искористиле погодностите, но тој очекува во следните месеци овој број да се зголеми.

Во врска со барањето на стопанствениците да им се даде шестмесечен период во кој ќе може да ја оценат работоспособноста на работникот пред да го пријават, министерот Ставрески рече дека ќе го разгледаат предлогот, но оти неговиот првичен впечаток е дека се работи за ризичен предлог од аспект на тоа дека може да се случи голем број работници да не бидат вработени.

Прашан колку чини денешната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, вицепремиерот истакна дека голем дел од активностите се извршуваат врз основа на редовните активности на министерствата, државните институции и јавни претпријатија и оти дополнителни пари нема да бидат исплаќани.

- Од буџетот на Министерството за земјоделство 50 милиони денари ќе бидат искористени за исплата на дрвцата за кои беа задолжени „Македонски шуми“ - подвлече министерот Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik